18 Декември, 2025
0.1316

ПО УБИСТВОТО НА СУДИЈА ВО СУДНИЦА: ЕУ бара од Албанија под итно да ја зголеми безбедноста на судиите

Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2025 20:53

Добивај вести на Viber

Делегацијата на Европската унија во Тирана вечерва реагираше поради убиството на судија од Апелацискиот суд, наведувајќи дека е „шокирана од чинот на насилство што доведе до убиство на судијата Астрит Калаја и повредувањето на двајца албански државјани“.

- Остро го осудуваме овој криминален чин. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на судијата Калаја. Оваа трагедија ја истакнува итната потреба Албанија да ја зголеми безбедноста на судиите и обвинителите и да ги преземе сите потребни мерки за да обезбеди безбедност во судниците. ЕУ останува непоколеблива во поддршката на судските реформи и заштитата на владеењето на правото во земјата, се наведува во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

Покрај албанскиот државен врв, Мисијата на ОБСЕ, политички партии, осуда за денешниот сериозен инцидент изрази и Врховниот суд на Албанија, оценувајќи го како „алармен сигнал за безбедносната состојба со која се соочуваат албанските судии и за загрижувачката состојба на инфраструктурата во многу од судовите во земјата“.

- Во правна држава, судијата мора да се чувствува заштитен и почитуван при вршењето на своите должности. Секоја форма на омаловажување или презир кон судија го поткопува авторитетот на правосудството и довербата на граѓаните во владеењето на правото, се истакнува во реакцијата на Врховниот суд.

Исто така се посочува дека гарантирањето на физичката и институционалната безбедност на судиите е директна одговорност на државата, што бара итна и одржлива акција.

Смртно застрелан судија во Апелацискиот суд во Тирана

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии