20 Декември, 2025
0.2334

ПО УПАДОТ НА ПРИШТИНА НА СЕВЕРОТ: Каков став зазема ЕУ?

Објавено во: Балкан 31 Август, 2024 14:04

Добивај вести на Viber

Србија бара меѓународната заедница да ги заштити Србите на Косово откако вчера имаше упад на северот, на што од Европската Унија(ЕУ), велат дека последните еднострани акции на Приштина ризикуваат натамошна ескалација.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, по повод вчерашниот упад на косовската полиција во зградите на „Привремените органи на Владата на Србија во општините на северот на Косово и Метохија“, изјави дека последните еднострани и некоординирани чекори на властите во Приштина на северот ризикуваат натамошна ескалација.

Стано на мрежата Х ја сподели изјавата на Делегацијата на ЕУ во Приштина, во која се посочува дека ЕУ е разочарана од континуираната некоординација на Приштина со меѓународните партнери, како и дека акцијата на косовската полиција против канцелариите кои се поддржани од Србија во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ ја загрозува кревката безбедносна ситуација на теренот.

ЕУЛЕКС веднаш добил задача да го надгледува извршувањето на оваа операција, која не била координирана со ЕУ и меѓународните партнери.

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во „отворен и искрен“ разговор дека е крајно загрижен поради „последните насилства на Косово и Метохија, постојаното кршење на правата и загрозувањето на безбедноста на српското население од арогантните и незаконски потези на Приштина“, јави дописникот на МИА од Белград.

Припадници на КФОР формираа кордон на мостот на Ибар во Митровица.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација