05 Декември, 2025
0.1906

По втор пат Ауди победи на трката 24 часа Ле Ман

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2013 13:21

Добивај вести на Viber

Втор пат по ред, Audi победи на трката 24 часа Ле Ман со хибридниот тркачки автомобил со quattro погон, тоа е продолжување на успешната приказна на најважната светска трка во издржливост. Победата ја остварија Дувал од Франција, Кристенсен од Данска и Мекниш од Велика Британија.

Како и што се очекуваше, дванаесеттата победа  на брендот со четири прстени на Ле Ман беше една од најтешко извојуваните досега. По промената на правилата кои беа направени кратко пред настанот, трите автомобили Audi R18 e-tron quattro со едно полнење на резервоарот сега можеа да завртат два круга помалку од нивните ривали. Возачите на Audi мораа да ги компензираат дополнителните застанувања со најбрзи кругови на патеката, и тоа го направија дури и при неповолни временски услови кои повремено беа исклучително тешки.

Врнежите од дожд ја прекинуваа трката во моментите кога таа беше најдинамична. Лошите  временските услови резултираа со бројни инциденти, а безбедносното возило се појави вкупно единаесет пати. Повеќе од пет часа се возеше според правилата на „жолтото“ знаме додека патеката не беше расчистена и додека не беа направени потребните поправки.

Трите Audi R18 e-tron quattro автомобили,  беа најбрзите како и најефикасните автомобили во текот на целата трка.

"Ова претставува уште еден голем успех за хибридниот систем на Audi кој повторно доминираше со новите технологии, од кои во иднина нашите клиенти,ќе имаат корист. "Тука се LED светлата со матричен сноп, кои ги осветлуваа свиоците во текот на ноќта – што е клучна предност за Audi на Ле Ман.“изјави Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на AUDI AG“

"Дванаесеттата победа за Audi на Ле Ман ја однесе автомобилот со број 2 Audi R18 e-tron quattro управуван од Дувал, Кристенсен и Мекниш, кој ја започна трката од пол - позицијата.

Деведесеттото издание на 24 часа Ле Ман беше засенето од фатална несреќа која се случи кратко откако започна трката кај GT класата. "Очигледно, овој инцидентот ја намали радоста на уште една голема победа на Ле Ман за која нашите тимови и возачи беа под екстремна тензија 24 часа и не направија ниту една грешка", изјави директорот на Audi Motorsport д-р Волфганг Улрих.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: