27 Април, 2024
0.0261

Победници и губитници од паѓањето на фунтата

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Британската  фунта падна до рекорден минимум, а ефектите веќе се одразуваат на компании, корисници, инвеститори, странски туристи. 

Многу работи ќе зависат од тоа уште колку ќе продолжи да поевтинува фунтата и колку долго.

Победници се британските извозници. Стоките на компаниите кои имаат големи продажба надвор од земјата, станаа поевтини за странските потрошувачи. Британските производители на џин и компании како Burberry сигурно слават поради овој факт.

Економистите анкетирани од Bloomberg, очекуваат дефицитот на тековната сметка, кој е околу рекордни 7% од БДП, да се намали се до 3,9% до средината на 2017 година. Англиската централна банка пак очекува тој да се намали за половина во текот на следните три години. Поевтинувањето на фунтата веројатно ќе ја зајакне инфлацијата до 2,2% во просек во текот на следната година од реално нула во 2015 година, покажува последното истражување на Bloomberg. Тоа значи дека парите на корисниците ќе чинат се помалку и помалку.

Инвеститорите имаат постигнато неочекувана добивка благодарение на девизен курс.

За туристите кои заменуваат туѓата  валута во фунти, чувството е како сите продавници во Велика Британија одеднаш да прогласиле распродажби.

Сликата сепак можеби нема да е толку розова во иднина. Од компанијата Eurostar International, која управува со возовите меѓу Лондон и континентална Европа, изјавија во вторникот дека ќе отпуштат вработени и ќе ја намалат фреквенцијата на возовите поради слабата побарувачка по референдумот годинава. 

Британците кои планираат одмор во Шпанија на пример, може да бидат лошо изненадени кога отидат таму и треба да разменат пари. Од референдумот наваму фунтата изгубил помеѓу 10% и 18% во однос на валутите на петте најпосетени дестинации каде одат Британците. 



Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот