18 Декември, 2025
0.1908

ПОЧИНА ДЕВОЈЧЕТО ШТО ЈА ВООДУШЕВИ СРБИЈА - Маша Артико ја загуби битката со опасната болест

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2022 10:14

Добивај вести на Viber

Девојчето Маша Артико (14), балерина и актерка, почина по долга борба со малигнен тумор. Тажната вест на социјалните мрежи ја објави нејзината мајка Светлана која напиша дека нејзиното големо срце не издржало.

- Ангеле мој, мојата Макиша тивко не остави и отиде меѓу ангелите. Нејзиното големо срце не издржа - напиша мајката Светлана на Фејсбук, објави „Блиц.рс“.

Да потсетиме, борбата на Маша траеше од 2018 година, кога и беше дијагностициран тумор на бубрегот со метастази, а во мај годинава малата хероина повторно падна во кревет откако и се врати болеста по трет пат.

И покрај големата борба и лекување во странство, за жал девојката која ја обедини Србија не преживеа.

Колку била борец Маша покажуваат и видеата на кои таа игра Ужичко коло во болница поврзана со инфузија, а како што рекла тогаш нејзината мајка, таа секогаш се борела да остане весела и не дозволувала болеста да ја спречи од нејзините намери.

Редовно посетувала настава од болничкиот кревет и извршувала задачи, иако често трпела големи болки за време на терапијата.

Маша беше член на младинскиот театар „Дадов“ и одеше таму две години, пред да се разболи. Во меѓувреме доби улога во „Ургентен центар“, а со актерот Марко Јањиќ разви пријателство кое продолжи и по снимањето.

Фото: Принскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии