ПОЧИНА ГЛАВНИОТ ЛЕКАР НА БОЛНИЦАТА ВО ВУХАН: Го усмрти коронавирусот
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2020
Уште една жртва има во кинескиот град Вухан од коронавирусот. Станува збор за главниот лекар на болницата во Вухан, кој почина денеска откако се зарази со коронавирусот „Ковид-19“, објавија кинеските медиуми.
Д-р Лиу Жиминг беше директор на болницата Вочанг во градот за кој се смета дека е епицентар на болеста.
Од коронавирусот досега се заразени 71.450 лица.
Вкупниот број на починати во моментов е 1.776, со пет случаи надвор од Кина.