ПОЧИНА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Подолго време беше во лоша здравствена состојба
Објавено во: Свет 21 Април, 2025 10:23
Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Последните години од неговиот понтификат беа одбележани со бројни престои во болница и постојана грижа за неговото здравје.
На 14 февруари беше примен во болница на лекување на бронхитис.
Во деновите што следеа, Ватикан објави дека му била дијагностицирана билатерална пневмонија и дека му била извршена трансфузија на крв, откако тестовите покажале ниски нивоа на тромбоцити, кои се поврзани со анемија.
На 22 февруари Ватикан објави дека папата е во критична состојба по „продолжена респираторна криза“ која бара давање на големи количини кислород, а следниот ден беше објавено дека папата развил почетна, блага бубрежна инсуфициенција.
Во следните денови, илјадници верници се собраа на плоштадот Свети Петар да се помолат за негово закрепнување, додека други отидоа во болницата во Рим каде што се лекува за да остават цвеќе и пораки.
Тој остана во болница до крајот на февруари, а лекарите тогаш ја опишаа неговата состојба како „сложена“.
На 6 март тој зборуваше за прв пат откако влезе во болница, преку аудио порака во која им се заблагодари на сите што му посакаа и додаде: „Јас сум со вас – одовде“.
Тој вчера ги поздрави собраните на Велигденската миса.
„Папа на народот“
Роден во 1936 година, папата Франциско беше првиот папа од Јужна Америка. Неговиот понтификат беше обележан со поддршка за оние кои бегаат од војна и глад, како и за сиромашните – поради што го доби прекарот „народен папа“.
Во 2016 година, тој им ги изми нозете на бегалците од различни вери во центарот за азиланти надвор од Рим како „гест на понизност и услуга“.
Тој јасно ги кажа своите ставови за многу теми, од климатските промени и нееднаквоста во богатството до улогата на жената во Католичката црква.
Папата Франциско е роден како Хорхе Марио Бергољо, а претходно беше надбискуп на Буенос Аирес.
Фото: Официјална Твитер страна на ВатиканМожеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




