Почина трудница од Крива Паланка
Објавено во: 16 Јуни, 2016 10:34
Трудницата С.Демирова (37) од Крива Паланка, синоќа почина на пат од Куманово за Скопје.
Таа примила анестезија во кумановската болница каде што била донесена за породување.
Како што соопшти МВР, трудницата не се разбудила по анестезијата и по сите напори за анимирање лекарите одлучиле да ја пренесат на скопските клиники.
На патот за Скопје жената починала, а на скопските клиники во 20 часот е констатирана смртта.
Јавен обвинител наредил обдукција и се работи на утврдување на причините за смртта на жената.




