09 Октомври, 2024
0.0346

ПОЧИНА ВЛАДЕТЕЛОТ НА КУВАЈТ: Емирот Наваф ал Ахмад Ал Сабах владееше кратко, но ќе остане запаметен по скромноста

Објавено во: Свет 16 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Емирот на Кувајт Наваф ал Ахмад Ал Сабах почина денеска на 86-годишна возраст, објави државната телевизија на земјата. Иако не е прецизирана причината за смртта, познато е дека тој во ноември бил примен во болница поради неименувана болест.

Се очекува да биде наследен од неговиот полубрат и заменик, шеикот Мешал Ал Ахмад Ал Џабер (83), како владетел на Кувајт.

Шеикот Наваф Ал-Сабах ја презеде власта во Кувајт по смртта на неговиот претходник Сабах Ал-Ахмад Ал-Сабах во 2020 година, а неговото владеење е едно од најкратките во историјата на оваа земја. Кувајт, како шеста земја во светот по резерви на нафта, е долгогодишен сојузник на Соединетите Американски Држави, особено од 1991 година, кога американските трупи во Првата Заливска војна ја ослободија земјата од ирачката окупација под водство на Садам Хусеин.

Во Кувајт моментално се стационирани околу 13.500 американски војници, а таму се наоѓа и штабот на американската војска на Блискиот Исток.

Имаше репутација на скромен

Популарен во владејачкото семејство Ал-Сабах, тој имаше репутација на скромност и главно држеше низок профил.

Минатиот месец, емирот беше примен во болница по итен здравствен проблем, според државната новинска агенција КУНА.

Иако во извештајот не е наведено здравственото прашање, шеикот Наваф неколкупати му ја предавал власта на својот заменик за време на неговото владеење додека се соочувал со лекарски прегледи и други проблеми.

ФОТО: EPA-EFE/NOUFAL IBRAHIM

Можеби ќе ве интересира

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата