Починал на нива откако му се превртел тракторот
Објавено во: Македонија 17 Март, 2018
62 годишен маж М.Б. загинал превртувајќи се со трактор додека работел на нива во селото Мокрино кај Ново Село.
Од здобиените повреди човекот починал на лице место.
Несреќата е пријавена во полиција синоќа околу полноќ.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Струмица.