15 Декември, 2025
0.0297

Починатата родилка два пати одбивала хопспитализација: Да нè послушаше, можеби ќе успеевме да ги спасиме и неа и бебето, д-р. Викторија Јованоска за Фактор

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2020 11:32

Добивај вести на Viber

Последната млада жртва на корона вирусот, 22-годишната родилка од Скопје која почина вчера, пред да биде примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, претходно два пати одбивала да биде хоспитализирана во оваа здравствена институција. Директорката на ГАК, д-р. Викторија Јовановска за Фактор вели дека пациентката иако била во многу тешка состојба, никако не сакала да ја задржат во ковид-центарот, бидејќи, како што појаснува д-р. Јовановска, девојката била убедена дека не е позитивна на вирусот.

-Кога состојбата и беше целосно влошена, на неделно дежурство, ноќта меѓу 22. и 23.ноември конечно ја хоспитализиравме. Но, таа имаше огромен елекролитен дисбаланс поради нерегулиран дијебетес и намалена функција на тироидната жлезда. Вредноста на гликемијата, односно шеќерот и беше 30. Тоа е навистина премногу. Дополнително, иако немаше температура, имаше други симптоми кои ги дава вирусот, повраќање, гадење, и откако и го направивме тестот за корона вирусот се потврди дека младата жена е позитивна на Ковид-19. Во таква тешка состојба, веднаш е направен и царски рез, но изваден е мртов плод како последица токму од нејзината целокупна здравствена состојба. Инаку, беше во терминска недела, 37-ма, а бебето беше повеќе од 4 клиограми. Навистина е жално кога се губат млади животи, но и покрај нашите инсистирања да ја хоспитализираме, и покрај напорите на нејзинот семејство да ја убедат да се згрижи болнички, таа никако не сакаше да ги прифати советите. Потоа беше премногу доцна да ги спасиме и неа и бебето, вели д-р. Јовановска за Фактор.

Откако и бил направен царскиот рез, како што посочува директорката на ГАК, пациентката требало да биде интернистички третирана поради вирусната инфекција, заради што по само три дена ја префрлиле во ГОБ „8 Септември“.

-Во последниве два месеца навистина имаме тешки случаи кога се убедуваме со родилките што е најдобро за нивното здравје и за здравјето на нивните новороденчиња. Би сакала навистина да апелирам, дека родилките мора да ги слушаат советите на здравствените работници. Конкретно во овој случај имавме голема поддршка и од семејството, но во многу случаи семејствата на родилките не сакаат да соработуваат. Целата работа е во тоа да се дојде навреме, да ни ги послушаат советите, да не одбиваат хоспитализации и да не се убедуваат самите дека немаат ковид. Корона вирусот кај различни пациенти дава различна симптоматологија. Не мора секогаш да се имна температура, постојат и други знаци кои упатуваат на болеста. И сега на клиниката имаме доста позитивни родилки, но ниту едно бебе не е заразено бидејќи веднаш ги изолираме, појаснува д-р. Јовановска.

Истовремено, директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов вели дека младата родилка кај нив била донесена со амбулантно возило, во кое веќе била на механичка вентилација.

-Во Градската општа болница беше донесена на 26.ноември во животозагрозувачка состојба. Цел тим од лекари се ангажираше да и се спаси животот. Направивме компјутерска томографија на целото тело. На белите дробови, пациентката имаше класична слика на ковид-пневмонија, беа зафатени двете белодробни крила. Мислевме дека има намалена мозочна функција, но резултатите од КТ беа сосема во ред што се однесува до ова. Сепак високата гликемија и обилната пневмонија кај пациентката доведоа до фатален исход иако лекарите 15 дена се бореа за нејзиниот живот, вели д-р. Костов за Фактор.

Во текот на изминатите недели бројот на смртните случаи од корона вирусот се движи од 20 па и повеже дневно, а завчера во Македонија е  регистрирана највисоката бројка кога починаа 46 пациенти. Меѓу нив, загубени се и млади човечки животи, 35, 36, 28-годишни кои не успеаа да се изборат со болеста.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“