19 Декември, 2025
0.0202

Починатиот со симптоми на ебола – познат британски бизнисмен

Објавено во: 10 Октомври, 2014 13:31

Добивај вести на Viber

Откриен е идентитетот на британскиот државјанин кој почина вчера во Скопје со симптоми на опасниот вирус ебола. Станува збор за бизнисменот Колин Џефри, кој пред извесно време беше и претседател на Советот на странски инвеститори во Македонија, објави Телеграф.мк. Џефри порано беше и директор за стратегиски планирања во „Џонсон Мети“. Причина за неговата нова посета на Македонија повторно биле бизнис контакти - барал инвеститори за рибник во близина на Охрид. Мајкл Инглиш, неговиот пријател, кој се наоѓа во карантин во хотелот „Супер 8“ раскажува за здравствените проблеми на неговиот сопатник. „Два дена не се чувствуваше добро. Имаше температура, но не сакаше да оди на лекар. Утрото кажа дека му е подобро. Се договоривме да се чекаме долу во хотелот во 12 часот. Се јави и кажа дека не се чуствува добро, му се тресеа рацете. Беше целиот збунет. Од хотелот викнаа амбулантна кола“, вели Инглиш. Џефри, според раскажувањата на неговиот пријател, последен пат бил во Африка пред 6 години. Жеивеел во Кембриџ, каде имал сопруга и три деца. Инглиш не верува дека Џефри починал од ебола, но негира и дека бил алкохоличар. Советот на странски инвеститори, со кој од 2010 година претседаваше починатиот британски државјанин, беше тело формирано во Стопанската комора на Македонија со цел да ги убеди странските инвеститори кои веќе инвестирале во Македонија повторно да инвестираат.