07 Декември, 2025
0.0317

„ПОЧИВАЈ ВО МИР, ГЕНЕРАЛЕ“: Ковачки се простува од екс началникот на Генералштабот на АРМ, Ѓорѓи Бојаџиев

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024 08:36

Добивај вести на Viber

Тажни вести синоќа пристигнаа од Драган Ковачки. Тој објави дека вчера починал поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генералот Ѓорѓи Бојаџиев.

Денес почина нашиот поранешен началник на Генералштабот на АРМ, генерал Ѓорѓи Бојаџиев.

Неговата посветеност, љубовта кон татковината и личниот придонес за Армијата и за Македонија, како и грижата за неговите подредени, ќе останат засекогаш запаметени.

Последен пат се сретнавме за време на парламентарни избори, кога, како и секогаш, зрачеше со енергија, оптимизам и љубов кон својот народ.

Како таков генерал ќе го паметам – секогаш на страната на вистината.

Почивај во мир, генерале.“, напиша тој.


Информацијата утринава ја потврдија и од Генералштабот.

„По кратко и тешко боледување во текот на вчерашниот ден на 74- годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копнената војска на ЈНА и истата ја завршил во 1973 година. Командно-штабна академија завршил како припадник на АРМ во 1995 година, а највисокиот степен на воено образование Школо за национална одбрана завршил во Франција, во 2001 година.

Генералот Бојаџиев во текот на неговата воена кариера, до неговото пензионирање во 2005 година, извршувал повеќе високи должности во Армијата, како командант на моторизирана бригада, командант на дивизија,  началник на управата за операции, готовност и обука во Генералштабот, командант на гранична бригада, а во период од 2004 до 2005 година и највисоката должност началник на Генералштабот на Армијата.

Во текот на својата кариера повеќе пати добивал награди и признанија како заслуга за својата беспрекорна посветеност и залагање во армиската служба, пред сè во унапредувањето и усовршувањето на Армијата и армиските процеси, меѓу кои е одликуван и со Медал за воени заслуги и Орден за воени заслуги со сребрени мечеви.

Генералот Ѓорѓи Бојаџиев ќе биде погребан со воени почести денес на Градските гробишта во Штип во 14 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13.00до 14.00 часот“, се вели во соопштението оттаму.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија