02 Јуни, 2024
0.0237

ПОЧНА ИСТОРИСКАТА СРЕДБА НА ПУТИН И ЕРДОГАН: Нов период во односите меѓу Русија и Турција

Објавено во: Балкан 09 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Долгоочекуваната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган започна во Константиновската палата во Санкт Петербург, по речиси една година студени односи меѓу двете земји. Двајцата лидери планираат да продолжат со билатералните односи, кои беа затегнати поради соборениот руски бомбандер во ноември минатата година.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави за време на средбата дека двете земји се потпираат на обновувањето на односите. „Ние сите сакаме да продолжиме со дијалогот меѓу себе и односите во името на интересите на рускиот и турскиот народ“, коментира тој, цитиран од ТААС.

Неговиот турски колега истакна дека соработката меѓу двете држави ќе придонесе за решавање на голем број регионални проблеми.

Путин го потврди ставот на Москва против неуставните активности во врска со обидот за државен удар во Турција.

„Ние секогаш и категорично сме биле против сличните обиди за неуставни активности. Во овој контекст сакам да изразам надеж дека под ваше раководство турскиот народ ќе се справи со овој проблем и редот и уставната одговорност ќе бидат вратени“, коментира рускиот претседател.

За возврат Ердоган се заблагодари за одвоеното време на Владимир Путин по обидот за преврат.

„Билатералните односи преживеале многу. А од политичка гледна точка целиот регион очекува многу од нас двајцата“, истакна турскиот претседател.

Двајцата лидери ќе разговараат за реконструкција на заладените односи меѓу двете земји, економските врски, како и борбата против тероризмот.

Потсетуваме дека кризата предизвика губење на турската економија од 13 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Ја усмртил трудната девојка во сообраќајка пред пет години, а сега загина со сопругата

Хрватска: Ја усмртил трудната девојка во сообраќајка пред пет години, а сега загина со сопругата

ОД денеска пензионерите на Загреб ќе се чувствуваат како тие во Скопје

ОД денеска пензионерите на Загреб ќе се чувствуваат како тие во Скопје

Хрватска стана скапа земја, цените за храна никогаш не се враќаат по старо

Хрватска стана скапа земја, цените за храна никогаш не се враќаат по старо

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ГРАД: Силно невреме ја зафати Хрватска

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ГРАД: Силно невреме ја зафати Хрватска

НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ СТИГНА ВО ХРВАТСКА, АЛАРМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА: Крк е под вода!

НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ СТИГНА ВО ХРВАТСКА, АЛАРМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА: Крк е под вода!

ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ КАМЕРИ ЌЕ ВЕ „ЛОВАТ“ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Внимавајте како возите!

ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ КАМЕРИ ЌЕ ВЕ „ЛОВАТ“ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Внимавајте како возите!

НОВА НЕСРЕЌА СО РИНГИШПИЛ НА БАЛКАНОТ: Шест малолетници се повредени откако падна дел од структурата на вртелешката

НОВА НЕСРЕЌА СО РИНГИШПИЛ НА БАЛКАНОТ: Шест малолетници се повредени откако падна дел од структурата на вртелешката

МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ: Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ, ме малтретираа и ми се закануваа

МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ: Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ, ме малтретираа и ми се закануваа

КОСОВО ОСТАНУВА БЕЗ ЛЕКАРИ: Над 10.000 нивни здравствени работници се во Германија

КОСОВО ОСТАНУВА БЕЗ ЛЕКАРИ: Над 10.000 нивни здравствени работници се во Германија