19 Декември, 2025
0.0402

Почна процедурата: Шпаркасе ја купува Охридска банка

Објавено во: Економија 26 Септември, 2019 12:05

Добивај вести на Viber

И официјално почнува процедурата за продажба на Охридска банка, која сега е дел од француската групација Сосиете Женерал. Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД и официјално достави понуда за преземање на Охридска банка, соопшти денеска банката преку ценовно чувствителна информација испратена до македонската берза.

„До Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје е доставена понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје и Проспект за понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје, поднесени од страна на Штајермеркише Банк и Шпаркасен АД“, се вели во соопштението до Берзата.

Централната банка претходно ја дала неопходната согласност за преземање на Охридска Банка од страна на австриската Шпаркасе Банка. Со тоа практично се создадени услови за реализација на завршната фаза, односно за купопродажните трансакции.

Инаку, Сосиете Женерал минатата година донесе одлука да се повлече од регионот на Источна Европа, со образложение дека нејзините експозитури во тие три држави не биле во топ трите банки според пазарниот удел. На продажба тогаш се дадени банката во Бугарија, во Албанија, во Македонија, во Црна Гора, во Србија и во Молдавија.

Во првиот квартал од оваа година добивката на Охридска банка беше пониска за 24,5 проценти во споредба со истиот период од минатата година, соопшти банката, меѓу другото и поради повисока исправка на вредноста на финансиските средства. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии