ФОТО: Почна церемонијата за воведување на папата на тронот на свети Петар
Објавено во: Стил 19 Март, 2013 11:06
Со света миса во Ватикан почна церемонијата за воведување на 266 поглавар на Римокатоличката црква папата Франциск, на која присуствуваат речиси 200 претставници од држави и други цркви и верски заедници.
Според познавачи на тој свет чин, во Ватикан денеска е посебен ден за славење кој не може да се нарече ниту крунисување ниту устоличување туку воведување на папата во служба на свети Петар.
Целата церемонија на барање на папата е скратена за еден час во однос на досеганите церемонии.
Евангелието на пример, нема да биде на латински и грчки туку само на грчки јазик, а латинскиот ќе биде доминантен јазик. Папата нема лично да дели света причест туку тоа ќе го прават ѓакони.
Папата Франциск со претставници на православни цркви го посети гробот на свети Петар за да истакне дека тој не е наследник на Бенедикт Шеснаесетти туку на првиот римски бискуп свети Петар. За папата велат дека е Божји слуга и чувар на католичкиот идентитет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:








