ПОЧНАА СО ПОДГОТОВКИТЕ: Косово ќе гради музеј на силуваните во војната
Објавено во: Балкан 16 Август, 2024 18:37
Екс косовската претседателка Атифете Јахјага објави дека почнале подготовките за изградба на музеј на жените и мажите кои биле силувани во војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Јахјага на нејзината страница на Фејсбук информира дека за реализација на иницијативата вчера во канцелариите на Фондацијата Јахјага потпишала договор за соработка со амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде.
„Прашањето на преживеаните од сексуалното насилство за време на последната војна во Косово е една од најсериозните рани на целата земја, така што нашата главна цел е да ја зголемиме општата свест кај луѓето и да се бориме против стигмата што ги опкружува преживеаните. Исто како што ветив дека нема да оставам камен на камен додека не се исполни правдата, ветувам и дека секогаш ќе бидам покрај нив. Нема траен мир без правда за преживеаните од сексуалното насилство во Косово“, напиша Јахјага.
Јахјага, која по завршувањето на мандатот на чело на косовската држава, со својата фондација се посвети на унапредување на правата на жените и рехабилитацијата на жртвите на воени злосторства.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




