05 Декември, 2025
0.0723

Почнува „Баскерфест“ со вертикален танц на италијанската трупа „Ил Посто“

Објавено во: Стил 14 Јуни, 2013 16:16

Добивај вести на Viber

Со спектакуларен настап на фасадата на Веро центарот, Трупата „Ил Посто” од Италија ќе го отвори годинашното осмо издание на Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“, во организација на Здружението на граѓани „One way“. Настапот на италијанската трупа е комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија индивидуално креирана за секој настап. Организаторите на „Баскерфест“најавуваат единствена атракција под отворено небо со повеќе од 100 интернационални артисти со нови досега невидени настани изведени од пантомимичари, разни перформанси, улични танчери, ликовни изложби, базар на ракотворби и работилници. Истотака на „Баскерфест“ кој ќе трае до 23 јуни ќе има и богата музичка програма која содржи 30 концерти на бендови диџеи од земјава и регионот.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: