19 Декември, 2025
0.1647

Почнува изградба на водовод за Сопиште и Сончев Град

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2016 08:00

Добивај вести на Viber

Ќе почне изградбата на водовод во Сопиште со што конечно ќе се реши водоснабдувањето во оваа, една од најеколошките општини во Македонија. Изведбата ќе чини 2, 2 милиони евра. Со планираниот проект треба да се зафатат водите на Патишка река, но и да се изведе цевковод во должина од 22 километри што ќе ја носи водата до населените места. Покрај за обезбедување на питка вода за пиење на постоечките села, новиот систем за снабдување со вода треба да се искористи и за приклучување на елитната населба Сончев град. Општина Сопиште ја избра фирмата „Бауер БГ“ од Скопје за изградба долгонајавуваниот систем за снабдување со вода за пиење за населените места на територијата на оваа општина. Реализацијата на регионалниот водовод Патишка река ќе се одвива во временски период од 18 месеци. Според податоците објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, изведбата на водоводната мрежа ќе чини 140.335.956 денари, или околу 2,2 милиони евра. Изведувачот на работите е избран врз основа на селекцијата помеѓу осум градежни компании кои доставиле свои понуди на распишаниот тендер.  

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?