15 Декември, 2025
0.0484

Почнува кампањата „Празнувај одговорно“: Премиерот Заев ќе прослави Нова година дома со сопругата и неговите деца

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2020 14:42

Добивај вести на Viber

Здравјето мора да се стави пред задоволството и профитот, истакна на денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека Владата денеска ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести.

Тој информираше дека се наоѓаме пред нов предизвик, а тоа се претстојните празници, нагласувајќи дека од овие причини е одлучено да бидат целосно прифатени новите рестриктивни мерки. Со ова практично започнува и кампањата „Празнувај одговорно“ кои вчера ги предложи Комисијата за заразни болести.

-Рестриктивните мерки ќе стапат на сила на 18.декември и ќе траат до 20.јануари. Се намалува работното време на локалите до 18 часот, а се забрануваат прослави на отворено, како и предновогодишни прослави во компаниите и фирмите. Сега кога сме на чекор до долгоочекуваната вакцина, целта е да издржиме и оваа година треба да одбележиме, а не да празнуваме. Да ја пречеканем Новата година како одговорни граѓани, јас празниците ќе ги поминад дома со сопругата и со децата, рече премиерот Заев.

Истовремено додаде дека се свесни дека ова не се популарни мерки, но како што истакна сега е време здравјето да се стави пред задоволството и пред профитот.

-Конечен излез од пандемијата се вакцините. Јас ќе бидам меѓу првите што ќе се вакцинирам, веднаш по здравствените работници кои се на првата линија, како и хронично болните и повозрасните лица, истакна премиерот Заев. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“