30 Септември, 2024
0.0245

Почнува монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица

Објавено во: Економија 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денес ги започнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица. Поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел, комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.

- Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании – изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија кој присуствуваше и на почетокот на активностите на терен.

До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури.


Можеби ќе ве интересира

TУРИЗАМ ВО ХРВАТСКА: Koлку пари заработиле од странците во првите шест месеци?

TУРИЗАМ ВО ХРВАТСКА: Koлку пари заработиле од странците во првите шест месеци?

КРЕДИТИ ОД ЈАПОНИЈА, КАТАР И ЕБОР: Орбан ќе зема нови кредити

КРЕДИТИ ОД ЈАПОНИЈА, КАТАР И ЕБОР: Орбан ќе зема нови кредити

МИЦКОСКИ ИМ ЧЕСТИТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Од утре ќе земаат повисоки пензии

МИЦКОСКИ ИМ ЧЕСТИТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Од утре ќе земаат повисоки пензии

НИШ, КРАГУЕВАЦ, БЕЛГРАД: Каков стан може да се купи за 100.000 евра?

НИШ, КРАГУЕВАЦ, БЕЛГРАД: Каков стан може да се купи за 100.000 евра?

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 30 ОТСТО: Пикот допрва доаѓа?

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 30 ОТСТО: Пикот допрва доаѓа?

НЕТО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ Е ЗГОЛЕМЕН: Koлку должи државата?

НЕТО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ Е ЗГОЛЕМЕН: Koлку должи државата?

ПЛАТЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО: Грејната сезона почнува на 15 октомври, РКЕ со важно соопштение

ПЛАТЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО: Грејната сезона почнува на 15 октомври, РКЕ со важно соопштение

ТРЕТО ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА ЗЛАТО: Оваа балканска земја буквално лежи на злато

ТРЕТО ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА ЗЛАТО: Оваа балканска земја буквално лежи на злато

ИКЕА ПОБЛИЗУ ДО НАС: Брендот се шири во соседството, еве каде ќе има повеќе продавници

ИКЕА ПОБЛИЗУ ДО НАС: Брендот се шири во соседството, еве каде ќе има повеќе продавници