19 Декември, 2025
0.0864

НИШ, КРАГУЕВАЦ, БЕЛГРАД: Каков стан може да се купи за 100.000 евра?

Објавено во: Економија, Балкан 30 Септември, 2024 18:36

Добивај вести на Viber

Во Србија за 100.000 евра, може да се купи стан од 100 квадрати во градот Ниш, а во центарот на Белград само гарсониера од 18 квадрати. 

Само годинава цената на становите, во зависност од локацијата, поскапе за пет до дури 30 отсто, пишува Нова.рс.

Како тоа да не е доволно, експертите предвидуваат дека наскоро може да следи нов скок, бидејќи на почетокот на 2025 година Народната банка на Србија трајно ќе ги ограничи каматните стапки на станбените кредити, а поповолните услови ќе ги мотивираат потенцијалните купувачи да „пробијат “ и да станат сопственици на недвижен имот.

Главниот град е традиционално најскап, па затоа нуди најмалку опции за оние со буџет од 100.000 евра. За оваа сума граѓаните во моментов можат да купат, да речеме, стан во Земун. Станот е наместен, 60 квадрати, двособен, регистриран, а пред зградата има и бесплатен паркинг. Доколку сепак сакате да живеете во центар, за 100.000 евра можете да купите наместена гарсониера од 18 метри квадратни во Врачар, поточно во близина на Цветни трг и паркот Мањеж. Станот се наоѓа на најгорниот кат, регистриран е, а проблемот можеби е што климата се користи за греење. Без разлика на тоа, сегашниот сопственик на станот бара повеќе од 5.500 евра за метар квадратен.

Што се однесува до вториот по големина град во Србија, Ниш, за цена од 100.000 евра може да се купи, на пример, полунаместен стан со една и пол спална соба од 45 квадрати во близина на булеварот на ослободувањето, со парно. Исто така, за овие пари може да се купи стан со две и пол спални соби од 55 квадрати во Ново Насеље.

Foto: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии