05 Декември, 2025
0.0327

ЗОШТО НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА И ЗОШТО НЕ СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОМОЌНА БАНКА - Комерцијална и Стопанска Битола продолжуваат сами, има ли добитници и губитници

Објавено во: Финансии 30 Септември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Како што и налагаат законските прописи, Комерцијална банка го објави решението на Комисијата за хартии од вредност, откако се прогласи за неуспешна понудата за преземање на Стопанска банка Битола.

Во Решението на КХВ се наведува дека понудата од Комерцијална банка се утврдува за неуспешна.

Како што веќе објави Фактор, Комерцијална банка во рок од 12 месеци од издавањето на ова решение не смее да даде нова понуда за преземање и не смее да купува хартии од вредност издадени од Стопанска банка Битола на кои се однесувала понудата, доколку тие и обезбедуваат повеќе од 25 отсто од хартиите од вредност со право на глас. А, како што е познато, понудата од Комерцијална се однесуваше на сите 100 отсто од акциите, што значи дека веќе поголемата банка во следната година не би требало да купува акции од помалата.

На тоа од Комерцијална банка неодамна за Фактор објаснија дека и доколку не постоеше оваа забрана, тие немааат веќе намера да доставуваат никаква понуда за преземање на Стопанска банка Битола, и на акционерите на банката им посакуваат среќа во натамошното работење.

„Но, ние и после една година нема да доставиме понуда, односно тоа нема да се случи никогаш. Таа приказна за нас е завршена. Затоа и на акционерите на Стопанска банка Битоа им посакуваме среќа во натамошното функционирање. Дали можеби за нивната банка ќе добијат понуда од некоја друга банка, можеби и странска, и неа ќе и ја продадат, дали, пак, банката ќе продолжи самостојно да работи, во секој случај им посакуваме среќа“, велат наши извори од Комерцијална банка.

Како што објавуваат и од самата КХВ, тие своевремено издадоа дозвола на Комерцијална банка за преземање на Стопанска банка Битола, а по што Комерцијална банка и јавно ја објави понудата за преземање, заедно со проспектот и сите услови. Како ден за завршување на рокот за прифаќање на понудата беше утврден 22 септември оваа година. Исто така, Комерцијална банка имаше обврска во целост да го објави исходот од понудата, а тоа е неуспешност на понудата, што во целост беше испочитувано.

Како што исто така веќе пишуваше Фактор, понудата била прифатена од 149 акционери, кои поседуваат 45,0548 отсто од вкупниот акционерски капитал на банката, што не беше доволно за успешност на оваа зделка, бидејќи прагот на успешност беше поставен на 67 отсто плус една акција.

„Против ова Решение може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 работни дена од денот на приемот“, се вели во Решението од КХВ.

Со ова завршува обидот за едно големо банкарско преземање, со кое, со оглед што понудувач беше убедливо најголемата банка во земјава, можеше да се формира уште помоќна банкарска институција.

Во петокот минатата недела се огласи и Стоанска банка Битола. Соопштија дека продолжуваат сами, дека се сигурни и стабилни, дека имаат висока адекватност на капиталот, како и висока ликвидност. Нагласија дека заштедите на граѓаните се сигурни и тие растат, како и дека во наредниот период ќе се зголеми кредитирањето.

Инаку, во петокот минатата недела берзанското тргување затвори со пораст на акциите на Комерцијална банка, достигнувајќи 24.088,6 денари за акција, што е мало зголемување за 0,02 отсто, додека, пак, акцијата на Стопанска банка Битола имаше намалување за 2,69 проценти во однос на претходниот ден.

Комерцијална банка нудеше сите обични акции со право на глас на Стопанска банка Битола да бидат купени за сума од 3.200 денари за акција.

Повеќе детали за понудата објавивме во интервјуто на првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката