Добивај вести на Viber
Денеска стартува саемот за туризам „Скопје Травел Маркет“, кој ќе го отвори Министерот за економија Ваљон Сараќини, а истиот ќе трае до 27-ти април.
Според најавите на саемот за туризам ќе учествуваат тур-оператори од Турција, Италија, Северен Кипар, Унгарија, а свое претставување ќе имаат туристички агенции, хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, авиокомпании, занаетчиски комори, како и винарски визби и туристички оператори за верски туризам.
Поттик за ова манифестација е тоа што туризмот е значајна стопанска гранка, која има суштествена улога во економскиот развој, привлекувањето нови инвестиции, отворање работни места, промовирање на културните вредности и на природните богатства.