ПОД ПРИТИСОК: Руски „Лукоил“ ја продава рафинеријата во Европа?
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2016 19:31
Притисокот на властите од поедини членки на Европската унија би можел да го примора на продажба на активата во Европа, изјавил директорот на руската нафтена компанија Вагит Алекперов. Лукоил, како што навел, неодамна се соочил со сериозни проблеми во источна Европа, а посебно укажал на кривична постапка во Романија која трае веќе две години, јавува руската агенција Тасс.
„Нашиот сектор е исполитизиран. Генерално гледано, тоа не тера нашите активи, посебно рафинериите сместени во Европа, да ги префрлиме во некоја одвоена европска компанија или дури да ги продадеме на среден рок“, додал Алекперов.
Бугарските медиуми пак известија дека Лукоил објавил намери за продажба на своите компании во Бугарија, Романија, Италија и Холандија, и дека Алекперов рекол дека се работи за инвестиции кои денес не се важни за неговата компанија бидејќи во последно време е насочена кон стратешки истражувања.
Лукоил лани инвестирал 1,5 милијарди долари во бугарска рафинерија, која се наоѓа во Бургас, на Црното море. Рускиот гигант во текот на 2014 година го продаде ланецот на своите бензински пумпи во источна Европа-44 во Чешка, 75 во Унгарија и 19 во Словачка, за да во 2015 година ги продаде и своите бензински станици во Украина и Естонија, а на почетокот на оваа година и во Полска, Летонија и Литванија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




