23 Јануари, 2025
0.0279

ПОДАРОК 50€: Тргувајте со цената на акцијата на овој нафтен гигант од вашата фотелја!

Објавено во: Мои пари 13 Август, 2014

Добивај вести на Viber

FXLider, специјално за читателите на  Фактор, подарува 50 евра како почетен капитал за тргување со цената на акциите на Exxon и другите најголеми светски компании на светската берза. Земете 50 евра и тргувајте на единствената берза на која можете да заработите и кога цените растат и кога цените паѓаат. Земете 50 евра за тргување овде. Exxon Mobil е американска мултинационална корпорација за гас и нафта. Оваа компанија е директен наследник на Standard Oil, компанија која уште во деветнаесетиот век ја основал  John  Rockefeller.  Во 1999 година со здружувањето на Exxon и Mobil, кои претходно биле Standard Oil New Jersey и Standard Oil New York, настанал Exxon Mobil. Оваа корпорација е трета по големина во светот во однос на приходите и втора по пазарната капитализација помеѓу компаниите со чии акции се тргува јавно. Истовремено е и најголем светски преработувач на нафта со 37 рафинерии во 21 земја и со дневен капацитет на преработка од  6.3 милиони барели. Резервите на оваа нафтена компанија во 2007 година изнесуваа 72 милијарди барели и се очекува да траат до 2021 година. Кон крајот на 2009 година Exxon успеа во она во кое ниту една американска компанија не успела до тогаш - влезе во Ирак. Министерството за нафта на Ирак објави дека му додели права на конзорциумот кој го предводи  Exxon Mobil Iraq Limited (филијала Exxon Mobil) и Royal Dutch Shell за рехабилитација и повторен развој на Quаrna 1, нафтеното поле во јужен Ирак, на 65 km од Басра. Овој договор беше од историско значење бидејќи ги претставува прв случај група каде што на чело стои американска команија да добие право на работење со ирачка нафта. Оригиналниот договор во вредност од  50 милијарди долари подразбираше 25 милијарди долари како прединвестиција и  25 милијарди долари за оперативни трошоци. Минатиот ноември во јавноста се појавија шпекулации за проблемите во односите меѓу Exxon Mobil и ирачката Влада по што американската компанија потпиша билатерален компромис за истражувањето во Курдистан, на Северен Ирак. Ирачката влада обично ги ограничува нафтените компании да работат исклучиво на северниот или јужниот дел од земјата. Според последните извештаи, експлоатацијата на нафта од  Quarna I се одвива по планот и покрај евакуацијата на лица од Exxon до кое дојде поради ескалацијата на немирите во северен Ирак . „Неодамна објавениот извештај за работењето во текот на вториот квартал покажа дека Exxon остварил заработка од $8.78 милијарди и приход од  $111.65 милијарди со што се надминати прогнозите на аналитичарите. Растот од  28% кога се во прашање приходите е постигнат и покрај најмалото ниво на производство во последните пет години. Цената на акциите на  Exxon после објавените резултати падна нешто повеќе од 4% токму поради падот на производството. Сепак од почетокот на годината остварениот раст на цената на акциите и покрај сето ова изнесува повеќе од 12%“, вели м-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider. „И покрај високата цена на нафтата до пад на производството дојде поради исцрпеноста на нафтените полиња, така што компанијата планира повеќе да инвестира во нови проекти, но и да го зголеми нивото на ефикасност на веќе постоечките, сè со цел да ги задоволи барањата на глобалната економија и пред сè на своите акционери. Покрај сè уште актуелното присуство на Блискиот Исток, моментално Exxon и Rosneft започнуваат заедничко бушење во Карско море. Санкциите кои ги воведова САД и ЕУ за Русија поради кризата во Украина, сè уште не ги опфаќаат американските нафтени компании, а Exxon и Rosneft овој проект се обидуваат да го покренат веќе една година“, вели Димков од FXLider.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД