17 Декември, 2025
0.0358

ПОДАРОК: Црна Гора на Србија и отстапи – подморница?!

Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2014 19:52

Добивај вести на Viber

Владата на Црна Гора го усвои предлогот на Здружението на грашани „Подморничар“ од Белград да отстапи една подморница од класата П-911 на трајно користење без надомест на Министерството за одбрана на Република Србија.

Командантот на Морнарицата на Црна Гора, капетанот на воен брод Дарко Вуковиќ, вели дека на овој начин Црна Гора уште еднаш ги потврдила добрите односи со Србија.

„Нам ни претставува големо задоволство што Црна Гора учествува во тоа и на то начин уште еднап директно ја потврдува својата политика на регионална соработка и особено братските односи со Република Србија, со која нè врзуваат цврсти историски врски“, рече Вуковиќ.

Според него, особено задоволство претставува фактот што оваа акција не ја покренале ниту политичарите, ниту двете армии, туку едно граѓанско здружение. Процедурата за отстапување на подморницата траела цели пет години.

Класата Уна, на која и припаѓа оваа подморница, беше класа на југословенски диверзантски подморници. Тие беа дизјанирани за тајнон поставување на помали мински полиња или за достава на диверзанти во непријателските подрачја. Со распадот на СФРЈ, сите подморници биле префрлени во Црна Гора.

На почетокот на 2009 година црногорските власти објавија дека имаат намера по една ваква подморница да им подарат на Хрватска и Србија, додека за Словенија уште претходно било одлучено дека ќе и припадне една подморница.

Отстапената подморница Србија ќе ја користи како експонат - ќе биде изложена во Музејот на наука и техника во Белград. На овој начин српскиот главен град ќе им се приклучи на светските метрополи во кои се изложени автентични подморници, како Хамбург, Москва, Сиднеј, Сан Диего и Копенхаген.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии