18 Мај, 2024
0.0301

Податоци од јавен карактер од државните институции достапни на интернет

Објавено во: Економија 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

На порталот www.otvorenipodatoci.gov.mk, што денеска го промовираше Министерството за информатичко општество и администрација, граѓаните и фирмите ќе можат да добијат слободен и бесплатен пристап до податоци од јавен карактер од неколку државни институции. Пристапот е отворен за сите правни и физички лица, без законски и технички ограничувања, појасни министерот Иво Ивановски. Со овој проект се опфатени податочни сетови од 11 институции: Агенција за катастар на недвижности, Агенција за електронски комуникации, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен инспекторат за труд, Министерство за финансии, Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за земјоделство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државен управен инспекторат и Министерство за економија. Граѓаните нема да имаат потреба да доставуваат формулари за пристап до податоци од јавен карактер до институциите, туку ќе можат информациите да ги добијат веднаш на порталот. „Искуството што го има Европската унија со отворањето на податоците покажува фантастични економски параметри, кои со реискористување на податоците од државните институции достигнаа и до 60 милијарди евра во претходната година“, вели Ивановски. Тој најави дека очекува достапните податоци да ги искористи особено приватниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа