19 Декември, 2025
0.0469

Поддржувач на ДУИ со хидроцентрала без трајна лиценца прави стотици илјади евра

Објавено во: Економија 22 Јули, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Поддржувач на ДУИ неколку години по ред без трајна лиценца заработува стотици илјади евра од хидроцентралата која ја има изградено во сопственото село во полошко.

Нури Беџети, професор од универзитетот во Тетово, со фирмата која ја поседува - Ани-Енергетик е сопственик на хидроцентралата „Габровска река 104“ на падините на Шар Планина крај Доброште.

Сепак, приходите од оваа хидроцентрала, иако станува збор за производство на електрична енергија од обновливи извори, не се обезбедени од трајна лиценца како повластен производител. Тие приходи би биле јавно достапни само ако производителот, односно сопственикот, има трајна лиценца за производство на електрична енергија од својата фотоцентрала, биогасна централа, хидроцентрала или ветерен парк, а тогаш струјата ќе мора да им ја купува ЕВН како универзален снабдувач.

Во овој случај, Ани-Енергетик, прв пат добила пробна лиценца за хидроцентралата од 1,24 мегавати во 2021 од страна на Регулаторната комисија за енергетика и од тогаш дури 13 пати му е продолжувана лиценцата како таква, односно нема добиено трајна лиценца.

- Тоа што со години нема трајна лиценца овој производител, тоа значи дека има потешкотии да ги собере сите потребни документи во форма на дозволи и решенија кај надлежните органи. Поради тоа не може да добие трајна лиценца и да биде повластен производител, но сепак може електричната енергија да ја продава на берзанскиот пазар и да заработува, велат експертите кои што ги контактиравме за овој случај.

Ако се споредат приходите на Ани-Енергетик, кои ги добивме од Централен регистар, со приходите од хидроцентралите кои како повластени производители се јавно достапни, излегува дека „Габровска река 104“ на Нури Беџети ги остварува едни од најдобрите финансиски резултати од овој тип на производство на електрична енергија.

Ани-Енергетик во 2024 прикажува приходи од  23.876.287 денари (390.000 евра) од својата хидроцентрала, а остварената годишна добивка е  7.369.597 денари (120.000 евра). Добивката една година претходно била поголема за 25 отсто. Фирмата на универзитетскиот професор лани имала петмина вработени.

Во прилог на ова, Владата на седница на 3 јуни годинава донела одлука на Ани-Енергетик да му даде државно градежно земјиште под долготраен закуп по пат на непосредна спогодба за потребите на хидроцентралата во тетовско Доброште. 

Се работи за вкупна површина од 960 метри квадратни „согласно Проектот за инфраструктура за изградба на мала хидроелектрична централа Габровска река со референтен бр.104 со пропратни објекти со тех. бр.171/13 од август 2014 година, одобрен со Потврда бр. 75-2400/9 од 15.9.2014 година од Министерството за транспорт и врски и Проект за инфраструктура за измена и дополна на претходно одобрен Проект за инфраструктура за мала Хидроцентрала Габровска река со реф.бр.104 со пропратни објекти, КО Доброште вон град и КО Првце вон град со тех.бр.0801-400/19 од јули 2020 година одобрен со Потврда бр.71-7270/2 од 2.11.2020 година од Министерството за транспорт и врски за изградба на мала хидроелектрична централа“.

Беџети како физичко лице има 59-отсто сопственост во Ани-Енергетик, но и уште 6 проценти како дел од фирмата АК-Инвест Тетово.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии