18 Декември, 2025
0.0460

Подготвен нацрт-законот за игри на среќа: Оддалеченост на 500 метри од училишта и поскапи лиценци и терминали

Објавено во: Економија 02 Април, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Измените на законот за приредување игри на среќа се објавени на Електронскиот национален регистар на прописи, според кој приредувачите ќе плаќаат поскапи лиценци, а ќе треба да ги оддалечат своите деловни простории, односно уплатно-исплатни места на 500 метри од најкраткиот пат до училиштата.

Во членот 21 се додава дека „Деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томбола од затворен тип и електронски игри на среќа се отвораат на оддалеченост од 500 метри од основни и средни училишта, до кои се доаѓа по најкраткиот безбеден пат“. Приредувачот ќе треба да има и документ со кој се докажува оддалеченоста на деловната просторија, не постар од 6 месеци од денот на неговото издавање;

За добивање лиценца за обложувалница ќе се плаќа 125.000 евра, наместо 105.000 евра. За отворање на уплатните места редовно ќе се плаќа само ако се отворат најмногу 25 такви, а за секоја наредна приредувачот ќе треба да размисли, бидејќи од старт ќе плаќа по 5.000 евра. Слични критериуми има и за автомат-клубовите.

За приредување на електронските игри на среќа, приредувачот на игрите плаќа надоместок во износ од 70 евра месечно по терминал, наместо по 30. За приредување на лотариските игри на среќа на државата ќе и се плаќа 6, наместо 4 отсто, од приходите од вкупно остварените уплати, односно средства прибрани преку продажба на лозови.

Лиценца за приредување на интернет игри на среќа може да се добие само ако операторот има основна главнина од 500.000 евра, наместо само 40.000 евра како што е актуелниот услов. 

Според она што го најавува регистарот на прописи, законските измени треба да влезат во Владата до 30 јуни, а претходно ќе има консултации и со Министерството за информатичко општество и администрација.

Почетокот на процесот на изработка на законот за измена и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри наиде на остри осуди кај самите приредувачи, Од таму сметаат дека со овој закон ќе згасне индустрија која носи прилив од 280 милиони евра во државната каса, овозможува 10.000 работни места, односно 70.000 индиректно вработени.

Од друга страна, сметаат тие, дека тоа би значело цветање на црниот пазар и сивата економија. Воведувањето на какво било минимално растојание, според нив,  е невозможно и неизводливо на терен, поради фактот дека во помалите градови на државата не можат да се пронајдат деловни простории на таа оддалеченост од училиштата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа