ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Пристига нова банкнота од 50 евра
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2016 16:00
Европската централна банка соопшти денеска дека наредната година ќе пушти во оптек нова банкнота од 50 евра.
„ЕЦБ и националните централни банки во еврозоната на 5 јули ќе претстават нова серија банкноти од 50 евра под името „Европа“. Планирано е во оптек да се најде пролетта во 2017 година“, се наведува во соопштението на ЕЦБ, пренесе Франс прес.
„Апоенот од 50 евра е најкористен од сите апоени во евра. Повеќе од осум милијарди банкноти во оптек се апоени од 50 евра, што сочинува 45 одсто од вкупните апоени во оптек“, се додава во соопштението.
На сите различни апоени на новите банкноти се наоѓа портретот на Европа, лик од грчката митологија.
ЕЦБ веќе во мај 2013 година ја замени банкнотата од пет евра, во септември 2014 година апоенот од 10 евра и во ноември 2015 година банкнотата од 20 евра.
Банкнотите од 100 и 200 евра исто така ќе бидат заменети, наведува Франс прес, додавајќи дека ЕЦБ неодамна одлучила да ги повлече од оптек апоените од 500 евра после раширеното мислење дека најмногу ги користат криминалците за перење на пари и за финансирање на терористички активности.
ЕЦБ е задолжена за печатење на банкноти во евра, додека националните централни банки на 19 членки на еврозоната се одговорни за изработка на ковани пари.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




