Подметнувале пожари за да добијат по 10 евра од час
Објавено во: Свет 07 Август, 2017
Пожарникари подметнувале пожари за да добијат пари откако истите ќе ги изгаснат.
Полицијата во Италија уапси 15 припадници на една доброволна противпожарна бригада од островот Сицилија. Тие се осомничени дека намерно подметнувале пожари за да добијат дополнителен паричен надомест.
Полицијата од градот Рагуза информираше дека пожарникарите подметнувале пожари и симулирале повици за помош, за да потоа од државата добиваат по 10 евра на час за нивно гаснење.
Против уапсените пожарникари се покренати обвиненија за измама и намерно предизвикување штети. Некои од осомничените се гонат и за подметнување пожари.
Во овој дел на Италија имало многу пожари, што станало сомнително и полицијата отворила истрага.