Добивај вести на Viber
Годишната плата на светските лидери се движи од неколку илјади долари, па до повеќе десетици или стотици илјади долари. Ретки годишно заработуваат и милиони. Но, приказната за примањата на светските лидери не би била потполна без споредба со големината на земјата од која доаѓаат, бројот на жители и односот со просечната плата на нивните сонародници.
Така, можеби за изненадување, на чело на листата на најплатени светски п0литичари не се лидерите на најмоќните земји во светот - Барак Обама или Владимир Путин. Со години оваа позиција ја држи премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лунг. Иако владее со земја од само 710 километри квадратни и нешто повеќе од пет милиони жители, неговата плата од преку два милиони долари годишно.
Ова е многу повеќе од платата на неколку светски лидери од далеку поголеми и помоќни земји, вклучувајќи го и прeтседателот на Кина Кси Џинпинг за кого се проценува дека годишно заработува околу 40 илјади долари и од американскиот претседател Барак Обама, кој во најголемата светска економија годишно заработува околу 400 илјади долари.
Но, пропорционално најбогат лидер во светот е претседателот на Кенија Ухуру Кенјата, кој заработува речиси исто како и Обама - 425 илјади долари годишно. Но за разлика од платата на Обама, која е осум пати поголема од онаа на просечниот Американец, платата на Кенјатa е дури 240 пати повисока од просечната плата на неговите сограѓани.
На другиот крај на оваа листа е индискиот премиер Манмохан Синг, кој заработува само неколку илјади долари месечно иако предводи една од најбрзо растечките економии во светот. Одредени светски лидери ги усогласуваат своите примања со економската состојба во нивните држави. Така претседателот на Тунис Монсеф Марзуки одлучил доброволно да си ја намали месечната нето плата за 2/3 од претходните 9.100 евра затоа што неговата земја се бори со тешка финансиска ситуација.
Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин кон средината на април одлучи самиот да си ја покачи платата себе си и на премиерот Дмитриј Медведев за два и пол пати. Својата нова плата од 196 илјади евра годишно, како и платата на Медведев од 277 илјади евра годишно, Путин ја објаснува со фактот дека тие досега биле фактички најниско платени претставници на највисоката власт. Нивната плата не била зголемена при последното покачување на платите на државната администрација, така што сега се врши „усогласување“.