ПОДОЦНА ЌЕ ЈА ОТВОРАТ ТЕМАТА ГРЕНЛАНД: Расмусен и Марко Рубио разговараа за важни прашања

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2025
Данското Министерство за надворешни работи, наведува дека данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во телефонски разговор се договориле подоцна да ја отворат темата Гренланд.
Расмусен во вторникот ги отфрли предлозите на новиот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп дека САД би можеле да се обидат да ја преземат контролата врз Гренланд, а премиерот на Гренланд, Муте Егеде изјави дека Гренланѓаните не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци.
Расмусен и Рубио разговарале и за Украина, европската безбедност и ситуацијата на Блискиот Исток.
Гренланд е данска автономна територија и е најголемиот остров во светот, како и најголемата зависна територија. Трамп и во 2019 година сакаше да го купи островот.
Можеби ќе ве интересира
ОТКРИЕНО КАДЕ Е ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ПРЕГОВАРААТ СО РУСИТЕ: Украинскиот претседател не е поканет во Ријад, еве што ќе направи

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија

„ВИСЕВМЕ КАКО ЛИЛЈАЦИ“: патниците и членовите на екипажот ја преживеаја авионската несреќа во Торонто, има повредени (ВИДЕО)

ОВА Е НАЈЗНАЧАЈНАТА СРЕДБА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Денес почнуваат разговорите меѓу двете земји

ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА: Се очекуваат големи инвестиции во одбраната

МОЖЕМЕ ДА ЗДИВНЕМЕ: ЕУ објави дека се одложува примената на системот ЕТИАС

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Кои земји се спремни да пратат војници?

ЛИСТА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СО НАЈЧИСТ ВОЗДУХ: Кој е на врвот?
