НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2025
Антони Пешев, главен извршен директор на Стопанската комора, беше гостин во поткастот „Бизнис муабети“, на Фактор.
Со него разговаравме за актуелните теми од светот, поконкретно за новоизбраниот американски претседател, неговите политики и влијание во светот.
Според Пешев, по добриот стар обичај, големите сили ќе го поделат светот по зони на интерес.
Кога е во прашање Европа, на Трамп во моментот му треба европска држава која ќе ги артикулира американските политики, тоа не е Германија, а не ниту Франција. Тоа е Италија.
Вели дека единствен европски претставник на инаугарицјата на Трамп беше италијанската премиерка Џорџа Мелони.
За Доналд Трамп вели дека е претседател кој е исклучително прагматичен. Доаѓа од бизнис фелата, со искуство претседателско.. Мислам дека ја искористи специфичната комбинација на малку бизнис став, малку шоуменски пристап на работата и дополнително една чудно десничарска практика која ја зафати Америка, особено понискиот слој на популацијата.
Додава дека САД, Трамп и Маск тргнуваат во правец кој е далеку од реалноста, а тоа е Марс. Илон Маск со финасиските капацитети го заменува местото на НАСА. Целокупната вселенска програма на САД е дадена во рацете на приватна компанија. Пешев вели дека најголема закана годинава може да биде вештачката интелигенција, ако таа не се регулира. Кога се во прашање војните очекува мир, а најголеми губитници ќе бидат Украина и Палестина.
Го даде своето мислење и за Зукенгерг и Безос, кои од критичари на Трамп завршија на неговата инаугурација, но со смрзнати лица.
Вели дека новоизбраната власт во Македонија имала потреба да биде признаена од Америка, а се осврна и на тоа дали сега треба да купуваме криптовалути.
Можеби ќе ве интересира
Енергетската транзиција во фокусот, поддршка за реформите – Средба на министерката Божиновска со претставници на ММФ

ЦЕНАТА ЌЕ БИДЕ НАД 3.000 ДОЛАРИ ЗА УНЦА: Дали сега е вистинско време да инвестирате во злато?

„Костал“ е првата компанија која ќе плати корпоративен данок во Македонија

КОМПАНИЈАТА НА КУРЦ СТАНУВА „ЕДНОРОГ“ ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Генерира импресивни 130 милиони долари приход за само една година

Трговците повторно бараат итна средба: Загрижени сме од донесените мерки на Владата

Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа - Ќафасан

ИСКУСНИОТ МЕНАЏЕР ГОРАН МАРКОВСКИ ДОАЃА НА ЧЕЛО НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - Таневски и официјално веќе нема ништо со компанијата со која долги години управуваше
Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање

ПОЧНА ПАТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГАСОВОД МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Еве што пишуваат грчките медиуми
