18 Декември, 2025
0.0524

ПОДЗЕМЕН ТУНЕЛ ЌЕ СЕ ГРАДИ ДО НОВАТА ЗГРАДА НА НАРОДНА БАНКА: Огласот наскоро, преселбата на крајот на годината

Објавено во: Економија 04 Април, 2022 07:26

Добивај вести на Viber

Народната банка ќе гради подземен тунел на новиот објект кој е во завршна фаза од изградбата. Фактор дознава дека согласно планот за јавни набавки огласот на кој треба да се најде фирма изведувач за градењето на тунелот требало да биде објавен во месецот што помина, односно во март годинава. Сепак поради потребата да се докомплетира потребната документација, како што потврдуваат и од Народната банка, процесот малку се пролонгирал. За што ќе биде потребен тој подземен тунел и која конкретно ќе биде намената прашавме во Народната банка. Оттаму одговорија без да соопштат многу детали за тунелот.

„Планираната постапка за подземниот тунел на новиот објект, Народната банка ќе ја започне кога ќе се создадат услови за нејзино спроведување т.е. по комплетирање на потребната документација. Подземниот тунел, во согласност со потребните стандарди,  е наменет за сообраќајно поврзување на новиот објект на Народната банка со подземната гаража во близина на објектот, стои во одговорот од Народната банка.

Инаку Народната банка треба да се пресели во новиот објект кога ќе биде целосно готов, а според проценките тоа е до крајот на годинава.

„Согласно со договорот градбата се очекува целосно да заврши до крајот на 2022 година, по што би следел технички прием на објектот и опремување со соодветна опрема, по што ќе започне процесот на вселување, велат од Народната банка за Фактор.

Поодамна односно уште во 2013 година, градот Скопје расправаше за задолжување од близу пет милиони евра, кои требаше да бидат наменети за изградба на подземна улица од Владата до Народната банка, но до објектот каде сега се наоѓа централната банка односно до Комплекс банки. Сепак таква улица никогаш не се изгради. 

Зошто е толку потребно да има ваков тунел сега, сепак останува нецелосно јасно.

Александра Томиќ

фото Bulid.mk

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?