Добивај вести на Viber
Вечерва на полноќ бензинот и дизелот поевтинуваат. Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени, цените на горивата се намалуваат во просек за 5.33%.
Од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе поевтинат за 4.50 денари по литар и ќе се продаваат по цена од 78 односно 79.50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 3.50 денари, и литар дизел ќе се продава за цена од 67 денари за литар.
Цените ќе важат следните две седмици.