ПОЕВТИНУВАЊЕ: Од полноќ горивата ќе се точат по намалени цени
Објавено во: Економија 08 Август, 2016 13:37
Регулаторната комисија денеска ги корeгираше цените на нафтените деривати.
И бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се точат по нови намалени цени, одлучи регулаторното тело.
Цените на бензинот бележат пад од денар и пол, додека дизелот се намалува за два денари.
Тоа значи дека Еуросупер БС 95 ќе се точи по цена од 59,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе изнесува 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се точи по 46 денари за литар.
Намалување на цените ќе има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство која ќе изнесува 34,50 денари, а мазутот ќе чини 21,17 денари за килограм.
Овие цени почнувајќи од полноќ, ќе важат во следните две недели.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




