Погледнете кој моден дизајнер стана милијардер
Објавено во: Стил 08 Февруари, 2014 20:50
Ова се случи по евидентирањето на профитот кој надмина и предвидувањата на аналитичарите.
Вчера акциите на Michael Kors Holdings завршија со тргувањето во Њујорк на нивоа од 89,91 долари за готово, што претставува зголемување со 17,3%. Претходниот рекорд им беше 93,18 долари - на 14-ти февруари 2012 година.
54-годишниот милијардер контролира околу 2% од фирмата -дел, проценет на околу 390 милиони долари. Корс, кој е главен креативен директор на компанијата, има акумулирано над 700 милиони долари од продажба на акциите од ИПО во 2011 година, покажуваат пресметките на Bloomberg.
Со седиште во Хонг Конг компанија ги зголеми прогнозите за продажба и профит за цела година и во Европа и Северна Америка ја засилија понудата на производи, вклучувајќи, чевли, часовници и накит.
Според најновите очекувања финансиската добивка за 2014 година ќе биде 3,09 долари по акција во споредба со претходните предвидувања за 2,81 долари по акција.
Корс има завршено моден дизајн во Менхетен. Во 1981 година ја лансира првата линија со дамска облека, а три години подоцна доаѓа и неговата прва модна ревија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





