19 Декември, 2025
0.0662

Погледнете на кое место е Македонија на листата земји најдобри за живот на пензионерите

Објавено во: Економија 03 Април, 2013 11:43

Добивај вести на Viber

Македонија се наоѓа на 81 то место на листата од 150 земји најдобри за живот на пензионерите, покажа листата на француската банка Натиксис Глобал Менаџмент. Пред Македонија од 76 до 80 то место се Молдавија, Колумбија, Киргистан, Виетнам, Ерменија. Од регионот најдобро котира Словенија на 16то место. Грција е 33 та, Хрватска е 35 та, Албанија е 55, Бугарија 61, Србија е пред Македонија на 75 то место, 96 то е Босна и Херцеговина. Норвешка е земјата најдобра за живот на пензионерите, потоа следат Швајцарија и Луксембург, покажува листата. На оваа листа се 150 земји, а рангирањето е извршено на основа на квалитетот на здравствена заштита, финансиската ситуација и квалитетот на живот на постарата популација. Но, при составување на листата не се водело сметка за бројот на сончеви денови, ниту за локалната кујна, што не е занемарливо кога станува збор за изборот на идеална земја за живот на пензионерите. Меѓу земјите во кои животот на пензионерите е најдобар се нашле Шведска, Австрија и Финска. Холандија е на седмо место, а потоа следат Данска, Германија и Франција. Најлоши земји за пензионерите се Конго и Зимбабве.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?