05 Декември, 2025
0.0438

Погледнете што најмногу ги нервира гостите во хотелите?

Објавено во: Стил 10 Април, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

„Direct Line“ е осигурителната компанија која  спроведе истражување за да открие што е тоа што најмногу ги нервира гостите за време на нивниот престој во хотелите, а резултатите од анкетата покажуваат дека на врвот на листата се пијаните гости  кои прават неред. Во истражувањето учествувале 2.000 лица кои најмногу незадоволство покажале за лошиот квалитет на храната и постојаното нудење на тури со водичот од хотелот, пренeсува Telegraph. Многумина ги нервираат оние гости кои стануваат рано за да ги остават пешкирите на лежалка за да си резервираат место покрај базенот, како и лошиот квалитет на кафето и чајот што се служат. Повеќето од гостите се пожалиле и на други хотелски услуги. Она што може да им го расипе расположението е преголемиот број на перници расфрлани по собата, персоналот задолжен за чистење кој влегува дури и кога на вратата не е ставен знакот дека е потребно чистење, како и чудните чешми во бањата. На листата на поплаки се наоѓа и неадекватниот безжичен интернет достапен по високи цени, недоволно флексибилното организирање при пријавување и одјавување во хотелот како и премногу гласната вентилација во хотелите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: