16 Декември, 2025
0.0968

ПОГОЛЕМА Е ОПАСНОСТА ОД ТРОМБОЗА БЕЗ ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА: Германија предупредува на последици

Објавено во: Свет 12 Март, 2021 10:42

Добивај вести на Viber

По одлуката на Данска, Норвешка и Исланд да ја прекинат вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека, Германија и Франција соопштија дека ќе продолжат да ја користат оваа вакцина на британско-шведскиот производител.

Данска одлучи да престане да ги вакцинира своите граѓани со АстраЗенека 14 дена, поради појава на згрутчување на крвта кај некои вакцинирани лица, но и смрт на едно лице, иако во овој момент не е можно да се утврди дали постои врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта, известуваат од Копенхаген.

По најавата од Данска, Норвешка и Исланд, иста одлука привремено да ја запрат употребата на АстраЗенека, а донесоа и Романија. Австрија, каде почина една постара жена, на која и беше дијагностицирано згрутчување на крвта.

Ниту Словенија не ја суспендира употребата на вакцината иако сомнежи се појавија по случајот со училиштето во Велење, каде две третини од вработените по вакцинацијата имаа силна реакција и заминаа на боледување.

Инаку, до 10 март, ЕМА објави 30 случаи на „тромбоемболиски случаи“ кај скоро пет милиони луѓе вакцинирани со АстраЗенек во ЕУ. Ова, како што соопштува европскиот регулатор, не е повеќе од фреквенцијата на тромбоза кај населението и без вакцинација. Придобивките од вакцината сè уште ги надминуваат ризиците, рече ЕМА, вакцината може да се аплицира и додека продолжуваат истрагите за контроверзните случаи на тромбоза кај вакцинираните лица.

Одлуката на данските власти да ја прекинат употребата може да донесе повеќе штета отколку корист, предупредува германскиот лекар Матијас Плец. Згрутчување на крвта што повремено се регистрира по вакцинирањето е многу честа појава кај тешки случаи според Плец, кој е директор на Институтот за инфективна медицина и хигиена во болницата на Универзитетот во Јена.

Прекин на вакцинацијата во период од две недели во Данска ќе доведе до скок на бројот на лица заразени со корона, а околу пет проценти од нив ќе развијат сериозна форма на болеста. Повеќе луѓе би можеле да страдаат од тромбоза без вакцина, отколку да биле вакцинирани, пренесува германски Шпигел.


Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете