05 Декември, 2025
0.5752

Поисплатливо е од лешник, а за почеток се потребни 2500 евра

Објавено во: Агробизнис 03 Март, 2017 12:23

Добивај вести на Viber

Шипката е поисплатлива од лешникот, а за почеток ќе треба да инвестирате 2500 евра. 

Александар Продановиќ од Ваљево, Србија засадил шипка, иако луѓето му зборувале дека шипка има на секој чекор и нема потреба да се инвестира во таква билка. 

До 2011 година работел во фармацевтска компанија, а потоа останал без работа и решил да се занимава со земјоделство затоа што дедо му се занимавал со одгледување на зеленчук. 

Своја земја нема и затоа зема под закуп 7  хектари. Иако сади повеќе култури, вели дека шипката е најисплатлива. 

„Шипката е лесна за одгледување, отпорна е на болести, не бара многу вода, брзо расте. Во втората година по садењето го дава првиот род. Колку ќе вложите во насадот, толку и ќе ви се врати. На пример во 2014 година се набрани 10 кг, а лани 400 кг“ - вели тој. 

За оваа сезона очекува 1500 кг. Продановиќ објаснува дека ќе биде среќен ако по грмушка добие по 4 кг. 

Вели дека интерес за шипката има, а кг од шипка чини 70 динари. За споредба вели дека шипката носи повеќе приход од сливата. 

Продановиќ годинава ќе произведе 1500 тегли џем од шипка, а за пласманот вели дека нема проблеми. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?