Покрај четворицата што беа уапсени па пуштени, МВР лови и други членови на Јавна соба - ќе се стави ли крај на „демначите“
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2021
Министерството за внатрешни работи „лови“ односно детектира и други членови на групата Јавна соба, која откамко беа откриени сите непријатности што им се случувале на жртвите, практично ја скандализираше македонската јавност.
Ова следува откако беа приведени четири лица за ова дело, и тоа двајца од Битола, како и по еден од Велес и од Штип.
Се вештачат и сите телефони кои беа одземени, односно сите компромитирачки материјали за жртвите на јавна сова кои тие ги содржат.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика интензивно работи на расчистување на случајот. Се вештачат телефоните што беа одземени од приведените, се детектираат други членови на групата и други активности потребни за целосно расчистување на случајот“, се вели во кусиот одговор што го добивме од МВР на оваа тема.
Оттаму, веројатно во интерес на истрагата, не можат да дадат повеќе детали за кои се интересираше Фактор.
Имено, ние до МВР ги испративме следнивце прашања
Што конкретно прави МВР сега за расчистување на случајот Јавна соба?
По приведувањето на четири лица, дали од нив беа добиени некои корисни сознанија и што понатаму ќе се случува со тие лица, дали против нив ќе се водат одредени постапки, бидејќи веќе се пуштени дома?
Дали во меѓувреме се откриени и други лица и што е со Македонецот кој живее на Малта до кого воделе доказите, дали стапивте со него во контакт и дали тој даде корисни сознанија?
Дали се разговара со други жртви од малтретирањата и објавувањата фотографии од Јавна соба, дали тие сакаат да соработуваат, дали некои сами се јавуваат да зборуваат за проблемите што ги имале и дали тоа доведе до други траги?
Дали од досегашната истрага откривте порнографски видеа и материјали освен експлицитните фотографии?
Дали МВР смета дека и самата сноси одговорност бидејќи не биле сериозно сфатени пријавите од жртвите и тие биле упатувани на приватни тужби?
Јавноста очекува дека МВР што побргу ќе дојде до овие сознанија и тие ќе бидат споделени со граѓаните.
Инаку, се очекува Министерството за правда оваа недела до Собранието да ги испрати на усвојување измените на Кривичниот законик.
Тој ќе го содржи и кривичното дело демнење. Тоа носи парична казна или затвор до три години. Ќе се казнуваат оние кои подолго време следат некого, прогонуваат или се мешаат во личниот живот на друг. За ова, тие ги злоупотребуваат личните податоци на жртвите, телекомуникациските или други системи на комуникација. Казни ќе добиваат и оние кои други лица психички ги злоставуваат, вознемируваат или им нанесуваат страв.
Но, според одредени информации, тоа ново дело демнење, нема да ги опфати моментално осомничените за случајот Јавна соба. Причина за тоа е што законското решение нема да важи ретроактивно, туку ќе се однесува за делата сторени од денот на стапување на сила на законот.Маршот ќе се одржи на 3 февруари 2021 година, среда, со почеток во 14.30 часот пред Министерството за внатрешни работи, преку бул. Јордан Мијалков, бул. Кочо Рацин, Кеј Димитар Влахов и ќе заврши пред Основното јавно обвинителство.
„И на двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите, а ги охрабруваме и жртвите на Јавна соба, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса за да проговорат и побараат правда. Сметаме дека целосното разрешување на овој случај е шанса за институциите да покажат дека и во пракса се залагаат за женските права и безбедноста на жените во онлајн и физичкиот простор. Затоа, бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство“, велат од Платформата.
Бараат и соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени; инсистираат сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик; како и соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.
„На маршот ќе се почитуваат сите здравствени протоколи за превенција од Ковид-19“, се вели во соопштението што го испрати Платформата за родова еднаквост.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.