ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАСИЛНИКОТ А.А. ОД РАДОВИШ - тој е уште на слобода, обвинителството бара начин да го задржи

Објавено во: Македонија 27 Март, 2025 13:34
По бурните и бројни реакции на социјалите мрежи поради снимката која се појави на социјалните мрежи на која се гледа како возрасен маж напаѓа и тепа жена, многу граѓани апелираа да се преземат мерки и да се заштити жртвата, за која се тврди дека е бремена.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека веднаш по известување добиено од мајката на жртвата, насилникот бил уапсен.
- Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, МВР ја известува јавноста дека СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода.
Имено, настанот во СВР Струмица беше пријавен на 23.03.2025 (недела) во 08.25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш.
Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така, бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година - појаснуваат од МВР.
Воедно од ова институција укажаа дека бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка.
- За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25.03.2025 е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот - соопштуваат од МВР.
Откако вознемирувачкото видео беше споделено на социјалните мрежи, многумина укажуваа дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.
На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената, а се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира жената. Според изјави на сведоци против лицето веќе има активен судски спор, бидејќи претходно малтретирал друга жртва.
Согласно закон за кривичното дело „Семејно насилство“, неопходен е предлог за кривично гонење, но жената одбивала кривичен прогон и изјавувала дека видеото е старо и покрај тоа што од снимката каде насилникот се гледа како ја тепа стои сабота 22 март 2025 година.
Еве го обраќањето на портпаролот на МВР:Од Обвинителство за медиумите велат дека „постапката за лицето е во тек врз основа на поднесената кривична пријава“.
- Меѓу другото, ќе се испита дали во конкретниот случај постои основ за негово задржување. Јавното обвинителство и истражните органи имаат обврска да постапуваат единствено врз основа на доказите во предметите - потенцираат од ОЈО.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ИНВЕСТИТОР ОД СТРУГА ГРАДЕЛ НА ЗАШТИТЕНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - доби кривична пријава од МВР

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток
„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања
