15 Декември, 2025
0.0889

Покрив што протекува, влажни ѕидови, стари прозорци: Колкав процент од населението се соочил со вакви проблеми?

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2025 07:58

Добивај вести на Viber

Условите за живеење во домовите во последниве години се подобри за разлика од пред една деценија. Ова може да се забележи од статистичките податоци. 

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во 2020 година, 12 отсто од населението живеело во дом со покрив што протекува, влажни ѕидови, стари прозорци. Сепак, во минатото имало и години кога 25 отсто од граѓаните живееле во лоши услови. Со овој проблем се соочувале луѓето и во урбана и во рурална средина. Фирмите кои заменуваат врати, прозорци тврдат дека денес имаат повеќе работа и дека граѓаните сепак вложуваат за да имаат подобри услови. 

„Точно е дека има повеќе работа во однос на замена на врати, прозорци. Јас сум во овој сектор веќе 20 години, од кои 4 години имам своја фирма. Од една фирма, станавме 4, односно сите колеги си отворивме своја фирма и сите имаме многу работа. Мислам дека уште 6 фирми да се отворат, ќе имаат работа.  Порано, се мачевме да имаме само покрив над глава, а сега на 10 години реновираме, менуваме мебел. Се подобруваат условите за живеење. Пред 17 години, ние не знаевме што е ПВЦ. На една куќа работевме 2 недели за замена на прозорци, а сега за еден ден, цел кат средуваме. Ем е побрзо, ем поевтино“, вели човек од струмичко кој има фирма за ПВЦ столарија.

Мајсторите не се жалат, имаат доволно работа. И според нив, денес граѓаните имаат повеќе можности, можат да си дозволат подобро уредување на домовите за разлика од порано. 

„Има работа за реновирање на покриви, за средување на тераси. Двојно повеќе работа има за разлика од порано“, раскажува Слободан Г.  од источна Македонија.

Во 2019 година, во живеалишта со лоши услови биле 13.1 отсто од граѓаните. Во 2018 година, во вакви услови живееле 14 отсто од населението. Во 2017 година, според ДЗС процентот бил ист, 14. Во 2016 година во домови со покрив што протекува, со влажни ѕидови, стари прозорци живееле 13.5 отсто. Во 2015 година, податокот говори дека во такви услови живееле 12.9 отсто од населението. Во 2014 година, дури 15.3 отсто од населението живеело во лоши услови.  Во 2011 година состојбата била уште полоша, односно 16.7 отсто од луѓето во земјава се соочиле со истото. Во 2010 година процентот бил уште повисок. Во оваа година, ДЗС регистрирал дека 25.1 отсто од населението ги има наведените проблеми во домот.

Оние кои живееле во простор каде нема доволно светлина се многу помалку. Процентот во оваа ставка најчесто варирал меѓу 4 и 5. Во 2010 година, 8.1 отсто од граѓаните живееле во простор каде е многу темно, со недоволно светлина.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“