18 Мај, 2024
0.0380

Пола век по смртта на ЈУРИЈ ГАГАРИН таа се уште претставува државна тајна

Објавено во: Свет 27 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Неофицијално, Јуриј Гагарин умре во својот авион обидувајќи се да избегне метеоролошки балон. Но во реалноста смртта на првиот човек во вселената се крие под велот на државата.

Утрото на 27 март 1968, Јуриј Гагарин се припремал за рутиснки лет, се присеќа неговиот тогашен колега, космонаутот Владимир Аксионов.

„ Затоа што моето полетување беше закажано за саат време подоцна, Јуриј и јас бевме на преглед кај истиот лекар и слушавме иста временска прогноза“, кажа Аксионов.

Тој тогаш имал 34 години и летот бил откажан. За тоа време Гагарин и неговиот копилот веќе не одговарале на радиските повикувања. Хеликоптерите тргнале во потрага откако им е јавенпо дека на 65км од аеродромот се наоѓаат остатоци од авион. Гагариновото тело е пронајдено следниот ден.

Веста за смртта на Гагарин брзо се проширила и сите биле во шок. Прв пат во историјата на СССР е прогласен ден на жалост, а не се работело за смрт на шефот на државата.

Формирана е истражна комисија за несреќата, а нејзините резултати ги изненадиле сите. По официјалната верзија, Гагарин и копилотот Серјожин настрадале по наглиот маневар на кој ги присилила „промената на ситуацијата во воздухот“ и предизвикала пад на авионот.

Во тоа време кружеле гласини дека моќеби го убиле по наредба од Кремељ, летал пијан итн.

Во 2011 година Кремељ објави дека „промената на ситуацијата во воздухот“ всушност претставува нагло избегнување на атмосферската сонда и дека затоа тие изгубиле контрола.Но и тоа се додава како една од можните причини.

Експертите сметале дека сѐ тоа е реултат на потребата да се сокрие дисфункционалноста на советскиот вселенски сектор, кој тогаш бил симбол на успехот на СССР.

„Моите родители секогаш велеа дека Гагарин починал затоа што се опијанил“, вели Александер Володко, полицаец кој го посетил Музејот на вселенските освојувања во Москва.

Роден една година по смртта на Гагарин, тој конечно сака да се дознае вистината.

Постои и уште една верзија за смртта зад која стои космонаутот Алексеј Леонов, но тој не ја спомнувал пред распадот на СССР во 1991.

Тој бил член на истражната комисија и тврди дека еден „ Сухој“ кој не требало да биде во близина на Гагариновиот авион, го пресекол патот и едвај го избегнал за 20 метри. Гагарин тогаш влетал во вртлог и не можел да се спаси.Но тоа не можело да се обелодени затоа што негативно би влијаело на тогашниот пилот на Сухој.

Јуриј Гагарин  на 12 април 1961 година полета во вселената. Пулсот му бил 150. Тој во Земјината орбита се наоѓал на висина од 302 км и патувал со брзината од речиси 29.000 км/час. По 5 од вкупно 108 минути лет ја изговорил првата реченица: „Ја гледам Земјата, величенствена е.“

На веста за Гагариновото сигурно враќање на Земјата во централна Русија, каде што е симобилчно пречекан со леб и млеко, стотина илјади луѓе излегле на улиците во Москва каде што е објавена веста за неговиот триумф, кој ја потврди моќта на СССР во вселенската трка.

Гагарин во денешна модерна Русија е бесмртен јунак. Тој живее низ бројните споменици и филмови.



Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто