19 Мај, 2024
0.0277

ПОЛЕСНО ДА ЗАПЛЕНУВААТ НЕДВИЖЕН ИМОТ: Се менува Законот, ќе „горат“ ли извршителите уште?

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Почнува постапка за измена на Законот за извршување. Измените кои се планираат се ставени веќе на единствениот електронски национален регистар на прописи ЕНЕР, а клучни промени кои треба да се доуредат, како што пишува, се проблемите кои во праксата на извршителите им се појавиле при спроведување на извршувањата врз недвижен имот. Законот ќе предвидува да има и електронско јавно наддавање при продажбата на запленетите ствари. Од друга страна, ќе има промени и на одредбите за доставата на извршните решенија, но не се прецизира точно какви. Сега за измените свои мислења треба да достават сите засегнати страни.

„Се создадоа проблеми во праксата на извршителите при спроведување на извршувањата врз недвижен имот, а примената на дигиталната технологија во сите сфери на општественото живеење ја наметна потребата од воведување и на електронско јавно наддавање. Од друга страна проблемите при примената на одредбите за достава и поедноставувањето на постапките во интерес на доверителите и извршителите ја наметна потребата за измена на законот и доуредување на одредби од законот со цел доследна примена на законот од извршителите при спроведувањето на извршувањата, стои во објаснувањето.

Инаку, како што веќе е познато, на една од средбите кои поранешниот премиер Зоран Заев ги имаше со лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која беше договорен влезот на оваа партија во владеачката коалиција беше договорено и редефинирањето на Законот за извршители водејќи се, како што рекоа, пред се од барањата на граѓаните. Сепак повеќе детали не соопштија.

Во пракса граѓаните глава не може да кренат од извршители. Во последно време многу граѓани се изгорени со промените на извршителите па предметите на некои кои одат во пензија се префрлуваат на други. Новите пресметуваат нови камати и надоместоци и буквално ги „соголуваат“ граѓаните.

Заклучно со јуни лани над 180 илјади транскациски сметки кои ги поседуваат физички лица односно граѓани биле блокирани, покажува статистиката на Народната банка. Сметките ги блокираат најчесто извршители за банките, компаниите, но и за други надлежни институции, најчесто заради долгови по разни основи кои ги создаваат граѓаните. Точниот број на блокирани сметки на крајот на јуни е 221.365, а од нив физички лица поседуваат 185.151 физичко лице, додека на правни лица, односно на компани или други организации се 36.214 сметки. 

Фактор веќе пишуваше дека за цела 2020 година, сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра – сума која е речиси идентична на таа од 2019 година, кога немаше прекинување на извршувањето. Од оваа сума најголем дел од парите се наплатени од фирмите, а тие и така беа најпогодени од кризата. Од фирми должници повлечени се над 89 милиони евра, од државата, безмалку 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се симнати од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници. Тоа што извршувањето беше запрено во таа година не значеше и простување на сумата, само пролонгирање на повлекувањето на парите. За одложените рати потоа граѓаните плаќаа и камата.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија