„Полесно не може да биде“ - нова понуда од ПроКредит Банка за нови корисници, со 12 месеци бесплатен пакет на банкарски услуги
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2025 13:06
Со новата кампања за отворање сметка преку
дигитална идентификација со OneID, ПроКредит Банка нуди уникатна можност за сите нови клиенти – пакет на
банкарски услуги без надоместок за одржување во првите 12 месеци, со вклучена
платежна сметка, флекси штедна сметка електронско и мобилно банкарство со можност за трансфери,
неограничени трансфери кон сопствени сметки и други сметки во банката и дебитна
картичка.Од банката велат дека оваа понуда е создадена следејќи ги потребите на
современите клиенти кои преферираат брзи, транспарентни и сигурни дигитални
банкарски услуги, ставени во еден
пакет.
„Како дигитална банка која активно соработува со модерните професионалци со брзо и активно темпо на функционирање, свесни сме колку им е важно да добијат решенија кои се брзо достапни, ефикасни и без изненадувања.
Истовремено, клиентите имаат потреба од јасни и едностави услуги, па токму затоа и нашата понуда е многу едноставна – нудиме пакети кои со една месечна претплата ги обезбедуваат секојдневните банкарски услуги кои ги користат граѓаните. Кога станува збор за банкарски услуги, овој пристап на ПроКредит банка е уникатен на нашиот пазар.
За да го увидат бенефитот од оваа форма на соработка со банка, во промотивниот период нудиме 12 месеци беплатен Основен пакет за сите нови клиенти“ - објаснуваат од ПроКредит Банка.
Понудата важи за сите нови корисници кои ќе отворат сметка дигитално, преку дигитална идентификација со OneID, до 15 јуни 2025 година и ги вклучува сите услуги од Основниот пакет за физички лица, целосно бесплатно во тек на една година.
Целиот процес на апликација, идентификација и потпишување на договорот се одвива дигитално, без посета на филијала. Апликацијата OneID може да се преземе бесплатно, а креирањето на дигитален идентитет е брзо и безбедно.
За аплицирање и дополнителни информации посетете ја официјалната веб страница на ПроКредит Банка.
*пр објаваМожеби ќе ве интересира
БЕЗБЕДНА И ПРЕЦИЗНА НЕВРОХИРУРГИЈА СО НАЈСОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НЕВРОНАВИГАЦИЈА

Нов проект на Зегин “Летен Клуб #младина” – одлична можност за сите матуранти – фармацевтски техничари!

Како младите да одберат банка и на што да внимаваат?

Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија

Цената на нафтата расте поради зголемените тензии на Блискиот Исток

Проф. д-р Венера Крлиу избрана за нова ректорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Со Халкбанк, пензија со помалку грижи и повеќе слобода
