ПОЛИЦИЈАТА ГИ ФАТИ: Еве како крадците украдоа цела монтажна куќа
Објавено во: Свет 20 Декември, 2018
30 годишна жена и 41 годишен маж се приведени од поширокото подрачје на Копривница откако невообичаен случај беше пријавен во тој регион.
Како што пренесоа медиуми од регионот хрватската полиција го решила случајот со кражба која се случи во местото Петеранец кога е украдена скоро цела монтажна куќа.
Монтажната куќа од дрво и цигли која била во изградба, но е речиси довршена, е размонтирана скоро до темел.
Од неа останало само малку. Крадците, според наводи на полицијата, помеѓу 5 и 16 декември ја одвоиле, и однеле цел кров, делови од ѕидовите се изработени од дрвена градба. Штетата се проценува на десетици илјади куни.